Во Србија од денеска работното време на угостителските објекти и трговските центри до 18 часот

Од денесканаредните десет дена ќе бидат на сила новите мерки на Владата на Србијадонесени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според тоа, до 3 декемвриработното време на угостителските објекти – ресторани, кафулиња, барови, клубови, како и трговски центри, театри, кина и други културни институции, како и приредувачи на специјални и класични игри на среќа, ќе биде ограничено до 18 часот.

Продавниците и другите малопродажни објекти ќе бидат отворени до 21 часот.

Аптеките, бензинските пумпи и угостителските објекти што доставуваат храна, можат да работат без ограничувања.

Сите продавници кои не се наоѓаат во трговски центри, како што се бутиците во белградската улица „Кнез Михајлова“ или фризерниците во соседството, но и многу занаетчии, ќе можат да работат, како и во претходната одлука, до 21 часотизјави за „Блиц“ градскиот секретар за  одбранавонредни ситуации, комуникација и координација на односите со граѓаните Дарко Главаш.

Тој исто така изјави дека по 18 часот, а најдоцна до 21 часот, ќе можат да работат банките, покрај оние лоцирани во трговските центри

Back to top button
Close