Во Србија рекорден број на смртни случаи од последици од Ковид-19 на дневно ниво

Во изминатите 24 часа 15.061 граѓанин биле тестирани за новиот коронавирус во Србија, од кои 5.067 биле позитивни, а 38 лица починале, што е досега најмногу смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата.

Хоспитализирани се 6.329 лица, а на респиратори во болниците низ Србија има 216 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија регистрирани се 126.187 позитивни случаи, а починале 1.237 лица.

Back to top button
Close