Во Србија задолжителна вакцинација за сите припадници на полицијата

Министерството за внатрешни работи на Србија, со цел да го заштити здравјето на вработените и со цел на создавање колективен имунитет, донесе одлука сите припадници на полицијата да се вакцинираат против вирусот ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград.

Имајќи ги предвид спецификите на полициската работа и постојаниот контакт на полицијата со граѓаните, потребно е сите припадници на полицијата, освен оние за кои вакцинирањето не е можно од здравствени причини, да се вакцинираат, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што е наведено, вакцинацијата против коронавирусот е препорачана мерка од сите релевантни фактори – Кризниот штаб за спречување и сузбивање на инфективната болест Ковид-19, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Во соопштението се забележува дека вработените се должни, во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа, да ги спроведат сите превентивни мерки на безбедност и здравје при работа, со цел да го зачуваат своето здравје, како и здравјето на другите вработени.

Back to top button
Close