Во среда се отвора годинешниот „Зимски салон“  

Во Чифте амам во Скопје ќе биде поставено 19. Издание на „Зимскиот салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Традиционално, домаќин е Националната галерија.

 

Отворањето на оваа традиционална манифестација е закажано за 9 февруари 2022  (среда), со почеток во 20ч. Сите мерки и протоколи за заштита на јавното здравје сѐ уште се важечки.

Селектор на годинешниот „Зимски салон“ е романската професорка од Националниот универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“.

На изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. Од страна на кураторот и селектор на изложбата „Зимски салон“ поканети се пет автори гости од Романија: Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа Деметреску и Река Цсапо Дуп.

Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари 2022 год.

 

 

Back to top button
Close