Во Струмица 25 активни случаи на Ковид-19
По вчерашните два нови случаи на заразени со Ковид-19 во Струмица, бројот на активни случаи се искачи на 25, соопштија од Центарот за јавно здравје во тој град.
-Станува збор за момче на 24-годишна возраст и жена на возраст од 37 години. И двајцата се од познат кластер, информираше директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.
На подрачјето што го покрива овој Центар, досега се регистрирани вкупно 54 инфицирани со коронавирус, а тројца се починати.