Во Струмица на улица: “Викенд на мртовци”!?

(СЕКОЈА СЛИЧНОСТ НА УМЕТНИЧКАТА ВИЗИЈА, СО ЖАЛНАТА И БИЗАРНА НАША РЕАЛНОСТ, Е НЕНАМЕРНА!)

…Во Струмица на улица
пред него излегов
грбот ми го сврте и тивко ми рече:
„Јас не те сакам.
Јас си заљубив друго либе
заљуби си и ти“…..

Песната е на Наско Џорлев, ја  интерпретираа многумина, мегу нив и Гоце Арнаудов, иако, мене ми се чини дека Петранка Костадинова, остана ненадмината.

Во Струмица, на улица!

Тепачки, карневали, политичари, политиканти, зафрканти, финасиски мучки и бизарни случки, случувања, надмудрувања…

Струмица се најде на насловните страници по балканските и белосветски медиуми. Извесен Наќе, доскоро непознат за јавноста, стана Cover Story Tops, од позицијата директор на струмичката Општа болница.

Викенд на мртовци! Во Струмица, на улица!

На детското одделение при струмичката болница починало деветмесечно дете од село Банско, а со правовремена интервенција на полицијата е спречен инцидент, откако еден од роднините на детето бурно реагирал обвинувајќи ги лекарите за смртта на детето (Д-р Наќе Гогов). Детето, вели Наќе,  во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент. Јас ја разбирам тагата на блиските, но никој нема право да реагира како што не треба.

Така е Наќе. Се согласувам.

Во истата здравствена установа, од  инфективното одделение, дваесетина граѓани украле мртовец. Пациентот, откако бил примен во тешка состојба, по дваесет минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец. 

Пациент на 49 годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. По дваесетина минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.

Д-р Наќе, го осудил овој чин, бидејќи граѓаните кои го грабнале починатиот не им дозволиле на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а се однесувало насилно и кон медицинскиот персонал. Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест.

Така е Наќе, се согласувам. Претпоставувам се согласува и Сотирова Бухова, која, овој чин “би го дефинирала како културолошка неукост и голем срам!”. 

-Тоа што се случи во Струмица е за осуда. Пациентот утринава донесен е во Ковид амбулантата на Инфективното одделение во градската општа болница Струмица во придружба на две лица. При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50% , што значи висока суспекција за инфекција со Ковид, но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка екипата пристапила кон истата и немало време за бриз кој би ја докажал оваа дијагноза“, ќe  изглаголи Сотирова Бухова.

Од Билтенот, здравствената хориника за изминатиот викенд и ова: на Клиниката за токсикологија пациент физички го нападнал и повредил дежурниот лекар, по што лекарот со повреди на главата, од токсикологија, итно  бил пренесен во Ургентниот центар!

Лекарската комората побарала во постапката против предизвикувачот на инцидентот доследно да се применат сите законски прописи со кои нападот на здравствен работник на работното место претставува напад на службено лице.

Оф мори мајко! Каде ние живееме? Сето ова е реалност, или некоја фатаморгана? Каков е овој викенд на мртовци!?

Ајде да видиме, каква е оваа имагинација? Да не беше жално, ќе беше многу смешно. И која е разликата помегу жалното и смешното?

Во продолжение една смешна, комична филмска приказна. 

СЕКОЈА СЛИЧНОСТ НА УМЕТНИЧКАТА ВИЗИЈА, СО ЖАЛНАТА И БИЗАРНА НАША РЕАЛНОСТ, Е НЕНАМЕРНА!

“ВИКЕНД НА МРТОВЦИ”:

Извесен скопјанец Тасе е известен дека неговата жена Кате починала на една од клиниките во Скопје. И додека роднините и пријателите чекаат да пристигне ковчегот со умрената за да ја оплачат и погребаат, во  соседството, наспроти куќата на Тасе, се случува свадба. Со звукот на зурлите и тапаните пристигнува ковчегот со умрената, но кога истиот ќе го отворат, внатре не е Кате, сопругата на Тасе, туку некоја непозната жена. 

Се бара објаснување од Државната болница во Скопје од каде, пак, велат дека “во сплет на околности!”, направена е размена на покојничките и дека нивната Кате се наоѓа кај некој Климе од Охрид, а неговата жена Зоре е во ковчегот што пристигнал кај Тасе. 

Тасе и Климе воспоставуваат контакт  и се договараат да си ги разменат покојничките,некаде на полпат, односно на планинскиот превој Ѓавато.

Договор си е договор, ама, пред да бидат разменети покојничките, доаѓа до меѓусебна расправа во врска со вредноста на мртвечките сандаци. Фалела уште струмичката тепачка, да не било новото разочарување: во сандакот што го добил Тасе не се наоѓа телото на покојната жена на Климе по име Зора, туку некоја трета жена. 

Држ не дај, охриѓанецот Климе си го зема само скапиот мртовечки сандак и си се враќа дома.

И така, тасе расона се (!), со две мртви жени и со еден евтин мртовечки сандак!!

Веле Митаноски

Back to top button
Close