Во судар на рибарски и товарен брод во Индонезија исчезнати 17 лица

– По судар на товарен и рибарски брод кај индонезискиот остров Јава исчезнаа 17 лица, соопштија денеска локалните власти.

-Рибарски брод со екипаж од 32 лица се превртел откако доцна синоќа удрил во индонезискиот товарен брод „МВ Хабко Пионир“ во близина на областа Индрамаџу, изјави шефот на Агенцијата за пребарување и спасување Деден Ридвансиах.

„Петнаесет лица се спасени од рибарскиот брод, а локалните рибари и морнарицата ги бараат другите лица од бродот“, изјави портпаролот на Генералниот директорат за поморски транспорт, Висну Вардана.

-Товарниот брод, што превезувал нафта од островот Борнео, запрел откако неговиот пропелер се заплеткал во рибарска мрежа, рече Ридвансиах.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close