Во тек е дебатата за законските измени за безбедноста во сообраќајот
Новопредложените законски измени за безбедност во сообраќајот предвидуваат зголемување на казните за дел од сообраќајните прекршоци, регулирање на употребата на безбедносните камери на улиците, но и нови предвидени казни за прекршителите-пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и возачи на скутери, објави „Алсат“
На платформата „ЕНЕР се објавени предлог-измените на законот за безбедност во сообраќајот, во кој покрај зголемување на казните, се регулира и користењето на безбедносни камери, а ќе има и нови казни за пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и возачи на тротинети.
Покрај безбедносните камери кои се поставени на булеварите и крстосниците и кои ќе го регистрираат секое можно прекршување во сообраќајот, новина во законските измени има и за пешаците кои при преминување на крстосници не смеат да користат телефон, не смеат да користат смарт часовници, ниту слушалки. Овие правила важат и за корисниците на мотоцикли, велосипеди и тротинети.
За гореспоменатите прекршувања, за пешаците е предвидена казна од 40 евра, додека за возачите на тротинети, велосипеди и разни видови мотори – казна од 50 евра. За минување на црвено, покрај паричната казна, ќе се изрекува и забрана за управување со возило, од три до дванаесет месеци. Граѓаните велат дека овие законски измени требаше да бидат донесени многу порано.
Покрај безбедносните камери кои се поставени на булеварите и крстосниците и кои ќе го регистрираат секое можно прекршување во сообраќајот, новина во законските измени има и за пешаците, на кои при преминување на крстосници им се забранува користењето телефон, „смарт“-часовници и слушалки. Овие правила важат и за корисниците на мотоцикли, велосипеди и тротинети.
За гореспоменатите прекршувања, за пешаците е предвидена казна од 40 евра, додека за возачите на тротинети, велосипеди и разни видови мотори – 50 евра. За минување на црвено, покрај паричната казна, ќе се изрекува и забрана за управување со возилото од три до дванаесет месеци.
Со законските измени, од 1 јануари 2026 година во функција ќе бидат ставени и безбедносните камери на улиците и крстосниците, кои регистрираат прекршоци со автоматско фотографирање и снимање. Снимки ќе се прават и со специјално опремени возила на МВР, по примерот на т.н. „пресретнувачи“ кои функционираат во Србија. Снимениот материјал во полиција ќе се чува шест месеци, по што ќе се уништува, освен ако материјалот е потребен за кривична постапка. Казните за утврдените прекршоци ќе се испраќаат со СМС порака, а ќе може да се платат електронски преку линкот што ќе биде испратен со пораката.
Ако сторителот не ја прифати прекршочната казна, има право во рок од 8 дена документите што ги добил со известувањето да ги достави до надлежен суд, каде што ќе служат како барање за покренување на прекршочна постапка. Доколку сопственикот на возилото не го управувал возилото во моментот на сторување на прекршокот, должен е во рок од 8 дена да даде податоците за идентитетот на лицето на кое му го отстапил возилото. Ова може да го направи во полициска станица, заедно со лицето што го сторило прекршокот или сам. Доколку некое лице преземе вина за прекршок што не го сторило, ќе биде казнето со парична казна од 500 евра, пишува „Алсат“.