Во тек е потера по убиец во Тетово

Вооружен напад е спречен денеска во Тетово, по брзата интервенција на тетовската полиција, објави Тетова Сот.
Полициските сили веднаш интервенирале на терен и привремено го блокирале главниот пат во близина на кружниот тек познат во јавноста како „Мема“, со цел да се спречи инцидентот и да се гарантира безбедноста на граѓаните.
Се трага по 15 годишен убиец
Од друга страна, Алсат дознава дека малолетник на околу 15 години од тетовското село Гајре, кој бил осомничен за убиство минатата година во кое биле повредени 4 лица, го претепал својот сосед во кафеана во селото Гајре
Осомничениот избегал од местото на настанот, а полициските патроли го бараат во селото и градот.
Уапсени неговите мајка и сестра
Како резултат на потера, уапсени се две лица, мајката и сестрата на возачот, додека возачот, поточно нивниот син односно брат, успеал да го напушти местото на настанот.
Двете уапсени жени се префрлени во болница на лекарски преглед, а потоа се очекува да бидат однесени во Полициската станица Тетово.






