Во тек е пријавувањето на бруцошите за сместување во студентски домови, слободни 1 249 места
Студентите од прва година запишани на јавните и приватните факултети можат да аплицираат за сместување во државните студентски домови најдоцна до 24 септември.
Министерството за образование и наука информира дека за бруцошите има 1 249 места.
„Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом . За слободните места во студентските домови, кои се останати непополнети по објавување на конечните списоци, пријавувањето ќе продолжи сé до пополнување на истите, но не подоцна од 15.11.2021 година“,
информира МОН.
Според информациите по објавата на резултатите од аплицирањето на студентите од втора и повисоките години на студии, останати слободни места има во студентскиот дом „Пелагонија“ (300), во „Кузман Јосифовски – Питу“ (30), Томе Стефановски – Сениќ“ (110) и во третата зграда во „Стив Наумов“ (300).