Во тек е седница на која ССМ одлучува дали ќе има генерален штрајк

Во тек е седница на која претставниците на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) одлучуваат дали ќе има генерален штрајк.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, по вчерашната двочасовна средба со владини претставници за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари изјави дека нема договор со владата, но ќе има одлука за штрајк.

– Разочаран сум од преговорите со владините претставници. Не излегоа со конкретни предлози, одговор имаа за се, само за усогласување на платите немаа. Не бевме сфатени сериозно за нашите барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Ценовните шокови и инфлацијата која е двоцифрена, нѝ даваат право да бараме усогласување на платите, бидејќи ова повеќе не се издржува, рече по средбата Димовски.

Од владата велат дека преговорите во последниот период се воделе по гранковите синдикати и надлежните министерства но остануваат на ставот дека усогласување на платите ќе има, напоменувајќи и дека не смее да  се заборави и моменталната ситуација.

Back to top button
Close