Во тек пријавувањето за обуките за професијата водич во планина за општините Берово и Пехчево

 Во Берово и Пехчево се подготвуваат обуките за професијата водич во планина. Обуките за кои пријавувањето е во тек се спроведуваат како дел од програмската активност „Мапирање на потенцијалот на патеки на планина и ставање во функција на мрежно поврзан систем на патеки за планински рекреативен туризам на Малешевските планини (Берово и Пехчево)“, која се спроведува како еден од приоритетите дадени во акцискиот план на пилот Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот регион.

-Со обуките ќе бидат опфатени заинтересирани лица од општините Берово и Пехчево кои не треба да бидат помлади од 18 години. Заинтересираните лица за учество на обука за професија водич во планина во Малешевскиот регион треба да имаат најмалку средно образование, да не се осудувани за насилство, да имаат солидна физичка подготвеност, како и лекарска потврда за занимавање со спорт и притоа да имаат познавања за планинската географија на Република Северна Македонија, информираа координаторите на проектот.

Апликацијата за водич во планина, како што посочија, треба да биде пополнета најдоцна до 10 август.

– Лицата секако треба да се жители на Малешевскиот регион (општина Берово и општина Пехчево) и да бидат осигурени од несреќа при занимавање со планинарство. Дополнителни информации за обуката, начинот за пријавување и за професијата водич во планина може да се видат на веб – страницата на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина, додадоа координаторите.

Трошоците за обуката на избраните кандидати ќе бидат покриени од страна на Програмата за зачувување на природата. Обуките ги организира организацијата „Маунтин Експириенс“ во соработка со општините Берово и Пехчево.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close