Во тек реализацијата на првата фаза од изградбата на „Парк на младите“ во М.Каменица

 Во тек е реализацијата на првата фаза од изградбата на „Парк на младите“ во Македонска Каменица. Увид во градежните работи денес изврши градоначалничката Соња Стаменкова, која информираше дека паркот ќе се гради на површина од 8.000 метри квадратни, а меѓу другото ќе располага со специјален простор за спортски активности на младите.

-Денеска извршив увид во почетокот на градежните работи за изградба на „Скејт Парк“, како прва фаза од целосната изведба на „Паркот на млади“ во Македонска Каменица. Со изградбата на „Паркот на млади“, предвидено е уредување на содржини за разонода, прошетки, нов детски забавен парк и специјално уредени простори за урбани спортови за младите од Македонска Каменица, рече Стаменкова.

Со изградбата на „Паркот на млади“, како што додаде ќе бидат опфатени 8.000 квадратни метри.

За идејното решение, како што дополнија од општината претходно беше распишан Јавен конкурс.

-Изградба на овој парк произлезе преку Јавниот конкурс на кој учествуваа младите од Македонска Каменица, при што повеќе кандидати понудија различни решенија, а победи најдоброто решение, според комисијата одбрана за таа намена, додадоа од Општината.

Од таму очекуваат градежните активности да се реализираат со забрзано темпо, се со цел овој дел од градот да го добие посакуваниот лик кој што го заслужува.

Back to top button
Close