Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин

Кандидатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за советник за национална безбедност, Мајк Волц, денеска изјави дека во блиска иднина очекува разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

– Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели, изјави Волц на Еј-Би-Си.

Тој додаде дека „во тек се подготовки“ за состанокот и оти од перспектива на Трамп „не може да се постигне договор ако нема некаков вид на односи и дијалог со другата страна и тоа апсолутно ќе се утврди во наредните месеци“

Back to top button
Close