Во тек уредувањето на две плажи на Дојранското крајбрежје

По стивнувањето на пандемијата со Ковид-19 се очекува натамошно ослободување од рестриктивните мерки за заштита, а со тоа и доаѓање летово на многу повеќе туристи, со што локалната самоуправа одлучи комплетно да ја уреди најстарата плажа, некогаш познатата „Калдрма” која се наоѓа веднаш на излезот од Нов кон Стар Дојран.

– Одлучивме да го вратиме препознатливиот сјај на најстарата плажа „Калдрма” на која веќе почна расчистувањето и нејзиното уредување со средства од општинскиот буџет. Се надеваме дека со враќањето во функција на старите вредности ќе заживее духот на традицијата и ќе се зголеми туристичката понуда на регионот, рече градоначалникот Анго Ангов.

Покрај ова, во завршна фаза на уредување се наоѓа и плажата лоцирана на просторот спроти паркингот на „Гранит” која зафаќа околу 6000 квадрати. Плажата позната по месноста „Карач” ќе има капацитет за 600 гости и треба да профункционира најдоцна до стартот на Европското фудбалско првенство

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close