Во тепачка во автобус на ЈСП повредени ученици – градоначалникот го свика општинскиот совет

По повод инцидентите во автобусите на ЈСП и повредените ученици, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски закажа седница на Советот за превенција на кој се поканети преставници на МВР, Собранието на РМ и други институции.

Седницата на Советот ќе се оддржи денес, 19.09.2022 година со почеток во 12 часот во просториите на општина Гази Баба барака број 8.

Предвидено е изјава за медиумите во врска со заклучоците од Советот да даде градоначалникот на општина Гази Баба кој е и претседател на Советот за превенција.

Претходно, Градоначалникот Стефковски ги алармираше службите дека се зачестени инцидентите и тепачките во автобусите кои минуваат низ населбата Ченто и селото Сингелиќ.

Back to top button
Close