Во тешка сообраќајка загина жена од Охрид


Вчера попладне во 15,15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај село Горенци, патничко моторно возило „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот Б.С. од Охрид излетало од коловозот, извести МВР.

„По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт, соопшти МВР.

Back to top button
Close