Во Тетово и Гостивар санкциониран 51 возач поради пребрзо возење

– Во периодот од 8 до 12 часот денеска на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 51 возач, од кои 42 на територија на Тетово, а девет на територија на Гостивар.
-Вкупно 38 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шестмина за дури над 70 километри на час над дозволената, соопшти МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.






