Во Тетово и Гостивар санкционирани 36 возачи поради пребрзо возење
При засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, денеска се санкционирани 36 возачи.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од нив, шест возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. На територија на Тетово се изречени 15 санкции, а 21 на територија на Гостивар.
Од МВР напоменуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.