Во Тетово скоро никој не ги почитува мерките за изолација: За краток период полицијата фати 60 лица кои не биле во својот дом, а имале решение

СВР Тетово поднесе 60 кривични пријави против 60 сторители од подрачјето на СВР Тетово, поради постоење основано сомнение за сторени 60 кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, информираа од МВР.

Во период од 03.08. до 08.09.2021 пријавените не биле затекнати во својот дом при извршена проверка од полициски службеници, со што постапиле спротивно на решенијата издадени од страна на Министерството за здравство, велат од МВР.

Back to top button
Close