Во Тирана без вакцини нема присуство на концерти и спортски натпревари

Градоначалникот на Тирана Еријон Велијај изјави дека на концертите кои ке се реализираат во Тирана , нема да можат да присуствуваат лицата кои не се вакцинирани. Велијај нагласи дека „ако населението сака Тирана да биде отворена за секој 100 насто, треба секој да се вакцинира“.

Концертите во албанскиот главен град  на Дуа Липа, Рита Ора и секој друг концерт кој ке се одржува во амфитаатарот во Тирана или пак на плоштадот „Скендербег “ за да се следи ќе мора да сте вакцинирани,, нагласи Велија и додаде дека  без вакцинација  не ќе можат да се следат ниту пак фудбалските натправари во Тирана .

Првиот човек на Тирана според албанската телевизија Топ Чанел упатил остри критики на адреса на портали кои објавуваат дезинформации за вакцинирањето. „Ако не си вакциниран седи дома  и верувај им на порталите кои објавуваат идитски податоци“.

Во Албанија деновиве има рапидно зголемување на бројот на болните од Коронавирус и тоа од мутацијата  Делта, поради што здраствебните институции бараат масоивно вакицинирање на населението при што се говори и за нови мерки на владата .

К.М.

Back to top button
Close