Во Турција почна истрага за шпекулациите за наводната смрт на Ердоган

Во Турција е покрената е истрага против 30 лица поради шпекулации за наводната смрт на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Осомничените го користеле хаштагот #olmus („покојник”) на Твитер во врска со претседателот, соопшти денеска полицијата во Анкара.

Преземена е и правна постапка поради наводно споделување содржини со цел „дезинформација” и „манипулација”. Претседателот бил навредуван, биле нарушени неговата чест и углед, се наведува во соопштението.

Ердоган денеска прими амбасадори од неколку земји и исто така се појави пред медиумите. Тој сепак не ги коментираше пораките на Твитер.

Back to top button
Close