Во Турција приведени четири лица под сомнение дека шпионирале во корист на Франција

Турските власти уапсија четири лица под сомнение за политичка и воена шпионажа во корист на Франција, објави „Дејли Сабах“.

Четворицата се осомничени за собирање информации за работата на конзервативни фондации, религиозни групи и Дирекцијата за верски работи и нејзиниот персонал. Осомничените користеле лажни лични карти како да се агенти на Националната разузнавачка служба (МИТ) и тврделе дека собираат информации за Даеш (ИД) и слични терористички групи.

На четворицата приведени ќе им се суди за политичка и воена шпионажа.

Back to top button
Close