Во Турција првпат над 100 илјади новозаразени за 24 часа

 Дневниот број на нови случаи на коронавирус во Турција денеска надмина 100.000 за првпат од почетокот на пандемијата. Според податоците на Министерството за здравство, во таа земја во изминатите 24 часа се потврдени 102.601 случај.

На крајот на декември дневната бројка на новозаболени беше околу 20.000, но од тогаш почна да расте. Од последното намалување во Турција, како последица на инфекцијата починале 198 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е повеќе од 87.000.

Back to top button
Close