Во Турција распореден американски систем за противвоздушна одбрана
Турција денеска соопшти дека американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распоредeн во југоисточната покраина како дел од „засилените мерки за противвоздушна и противракетна одбрана“ на НАТО

За време на неодамнешните настани во нашиот регион се преземаат потребните мерки за заштита на нашите граници и воздушен простор, и тоа во консултации со НАТО и сојузниците“, соопшти турското Министерство за одбрана на X.
Министерството додаде дека, покрај националните мерки, НАТО ја засилил противвоздушната и противракетната одбрана, и дека системот „Патриот“ моментално се наоѓа во Малатија и се подготвува за оперативна готовност со цел да ја поддржи заштитата на турскиот воздушен простор.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Иран не треба да презема понатамошни „провокативни чекори“ откако балистичка ракета навлезе во турскиот воздушен простор.
Неговите изјави, пренесени од државната агенција „Анадолу“, следеа по соопштението на турското Министерство за одбрана дека балистичката ракета испукана од Иран навлегла во турскиот воздушен простор пред да биде неутрализирана од средствата на НАТО во источниот Медитеран.
Иран подоцна негираше дека испукал ракета кон Турција. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, сугерираше дека станува збор за „операција под лажно знаме“, но не обвини ниту една конкретна земја.






