Во Турција рекордни 44.756 новозаразени со корона за еден ден

Турција во последните 24 часа регистрирала рекорден број, односно 44.756 новозаразени со коронавирус, покажуваат податоците на тамошното министерство за здравство.

Податоците на Ројтерс покажуваат дека Турција моментално е на петто место во светот според просечниот број на новозаразени за седум дена. Пандемијата во Турција се шири откако властите на почетокот на март ги ублажија рестриктивните мерки, а Турција руши рекорди веќе пет дена по ред.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во понеделник најави построги мерки, вклучувајќи и целосно затворање за викендите во цела држава за месецот Рамазан кој почнува од 13 април. Турција од почетокот на пандемијата има 3,4 милиони заразени. Во последните 24 часа починале 186 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи на 32.078.

Back to top button
Close