Во Њу Џерси упасен осомничениот за тројното убиство во предградие на Филаделфија

Маж осомничен за убиство на три лица во областа Филаделфија е уапсен синоќа во Њу Џерси, соопшти полицијата.

Директорот на полицијата во Трентон, Стив Вилсон, изјави дека мажот бил пронајден во близина на куќа каде се верува дека се забарикадирал и бил приведен. Нема други повредени.

Претходно властите соопштија дека вооружен маж вчера убил три лица во нивните домови во областа Филаделфија, а потоа се забарикадирал во куќа во главниот град на Њу Џерси. Ова ги исплаши жителите на предградијата и беше спроведена голема полициска акција која опфати две држави.

Ситуацијата наложи да биде откажана парадата за Денот на Свети Патрик и да се затвори забавен парк. Властите во округот Бакс, Пенсилванија, издадоа наредба во некои региони луѓето неколку часа да не ги напуштаат своите домови.

Осомничениот, идентификуван како 26-годишниот Андре Гордон Јуниор, вчера изутрина во пукање во две куќи во источна Пенсилванија ја убил својата маќеа, малолетната сестра и мајката на неговите деца, изјави окружниот обвинител на округот Бакс, Џенифер Шорн.

Back to top button
Close