Во Њујорк повеќе од 60 отсто од жителите се вакцинирани со една доза, се укинуваат бројни мерки

 Откако во пролетта 2020 година се најде во епицентарот на пандмеијата и потоа со месеци покажуваше крајна внимателност кон коронавирусот, Њујорк денеска укина голем број од наметнатите ограничувања за спречување на ширењето на заразата.

Напредокот на вакцинацијата, со повеќе од 60 проценти од жителите на Њујорк кои ја примиле барем првата доза од вакцината, и падот на стапката на позитивни на Ковид-19, што сега изнесува помалку од 1,5 процент, ги натера големите банки како „Џи-Пи Морган Чејс“ или „Голдман Сакс“ да почнат да ги враќаат работници кои работеа од дома, на работа во компаниите.

Вакцинираните веќе не мора да носат маски на отворено или во затворен простор. По неколку дена двоумење, оваа одредба стапува на сила од вчера. Меѓутоа, некои почнаа да ја користат оваа одредба и навистина не носат маски, додека други се повнимателни.

-Тешко е да се знае кои правила треба да се следат, признава Миранда Максвел (41), која е целосно вакцинирана. „Јас се уште носам маска кога сум меѓу луѓето и во затворен простор“, додаде таа.

Во светот до денеска во пандемијата се заразија 164,4 милиони лица, а 3,4 милиони умреа. САД имаат најмногу заразени (33 милиони) и мртви (587.000).

Back to top button
Close