Во Украина покрената истрага за мешање во изборите во САД

Истрага е покрената во Украина во врска со обидите за мешање во американските претседателски избори, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Шефот на Кабинетот на претседателот, Андриј Јермак, рече дека Украина ќе стори се што е во нејзина моќ да ги изведе пред лицето на правдата силите во и надвор од земјата кои се обидоа да ги нарушат односите со САД.

– Државното биро за истраги отвори кривична постапка, изјави тој за украинскиот медиум НВ. Тој додаде дека истрагата е во тек и дека треба да се одговори на бројни прашања.

САД во јануари воведоа санкции против повеќе физички лица и субјекти во Украина, обвинувајќи ги за мешање во изборите во САД и соработка со проруски украински пратеник кој учествувал во напорите на соработниците на тогашниот претседател Доналд Трамп за откривање на наводни незаконски дејствија од Џо Бајден и неговиот син во Украина.

Back to top button
Close