Во Јужна Кореја поради птичји грип усмртени околу 400 илјади живина

Властите на Јужна Кореја потврдија дека на една живинарска фарма во југозападниот дел на земјата избувнала епидемија на високо патоген вирус на птичји грип Х5Н8, соопшти денеска Светската организација за заштита на здравјето на животните (ОИЕ).

Цитирајќи соопштение од јужнокорејското Министерство за земјоделство, ОИЕ издаде предупредување на својата интернет страница во кое се наведува дека 19.000 патки биле убиени на живинарска фарма во градот Гирин-ри.

На шест фaрми во тој дел од земјата превентивно се убиени уште околу 392.000 кокошки и патки, соопшти јужнокорејското Министерство за земјоделство.

Back to top button
Close