Во Велес денеска нема новозаболени, има двајца излекувани од Ковид-19

Според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје, во изминатото деноноќие во Велес и велешко нема новорегистрирани со Ковид-19. Излекувани се двајца пациенти, еден би испишан со два негативни теста од Инфективното одделение при велешката Општа  болница, а еден излекуван бил од домашно лекување.Инаку во Велес и велешко активни на вирусот се 29 лица.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница д-р Весна Неделковска Николова, моментално на лекување во Инфективното одделение при велешката Општа болница се 12 пациенти позитивни на Ковид-1, а една пациентка од нив е ставена на кислородна подршка.

Back to top button
Close