Во Велес втор ден нема регистрирано нов случај на Ковид-19

 Според ЈЗУ  Центарот за јавно здравје, во Велес втор ден нема регистрирано нов случај со Ковид-19, а во изминатото деноноќие нема ниту оздравени пациенти.

Инаку, во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес, како што информира за МИА,портпаролот д-р Весна Најдовска Николова, на лекување се 16 пациенти, од кои кај 12 се позитивни на Ковид-19, а четири пациенти се сомнителни и чекаат резултати од тест.

Освен од Велес на оваа одделение има пациенти и од Свети Николе и Кавадарци.

Back to top button
Close