Во Велес втор ден нема регистрирано заразен со Ковид-19, еден оздравен

 Во Велес втор ден нема регистрирано заболен од Ковид-19, а има еден оздравен, испишан од Инфективното одделение при велешката Општа болница со два негативни теста. Според ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес моментално активни се 36 лица.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница, моментално на Инфективното одделение се 16 пациенти од кои 15 се потврдени, а еден чека резултат од тест.

– Од ова одделение денеска е испишан и еден пациент со два негативни теста. Инаку пациентите со Ковид-19 се од Велес и велешките села Горно Јаболчиште и Бузалково, информира д-р Неделковска Николова.

Вчера од домашно лекување во Велес и велешко имаше седум oздравени од Ковид-19.

Back to top button
Close