Во велешката болница почина уште еден пациент како последица од Ковид

Во велешката болница утринава починал маж на 81 година од Велес потврден позитивен на Ковид, a 26 пациенти се на кислородна поддршка.

Како што информира портпаролката д-р Весна Неделковска Николова, во велешката Општа болница на три одделенија со ковид пациенти хоспитализирани се вкупно 76 пациенти од нив, 68 потврдени позитивни, шест сомнителни и двајца негативни. На Инфективно одделение има 48 пациенти, на Физикална 19 и на Интерно 9 пациенти.

 

 

Back to top button
Close