Во Велика Британија расте бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Во последните 24 часа, во Велика Британија се потврдени 16.298 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имаше 14.879.

Дневниот број на смртни случаи исто така е зголемен. Од последниот пресек, починале 504 лица, додека вчера имаше 414 смртни случаи.

Од почетокот на епидемијата, во Велика Британија се заразиле вкупно 1.690.432 лица од кои 60.617 починале.

Back to top button
Close