Во Владата средба Ковачевски – Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладенво пристигна во Владата на средба со премиерот Димитар Ковачевски на која треба да се разговара за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа.

На средбата, покрај Мицкоски, ќе присуствува и економскиот тим на партијата кој, според претходните најави од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го презентира нивниот план за надминување на последиците од кризата.

Средбата доаѓа по неколкудневните несогласувања за евентуални разговори откако Мицкоски го повика Ковачевски на тв дуел. Вчера, Ковачевски го повика Мицкоски да присуствува на седницата на Економскиот совет на Владата закажана за среда, но Мицкоски ја одби поканата изјавувајќи дека не гледа потреба да присуствува на седница на Советот затоа што во него членуваат истите луѓе кои не ги решиле проблемите во ковид кризата.

Back to top button
Close