Во Врховниот суд на Англија и Велс се води битка за златните шипки на Венецуела вредни милијарда долари

Велика Британија „недвосмислено го признава“ Николас Мадуро за претседател на Венецуела, иако не ја одобрува неговата влада, се слушна денеска во судот во Лондон во кој се води предметот за утврдување на судбината на златото на оваа земја вредно милијарда долари.

Во една исклучително невообичаена судска постапка, Централната банка на Венецуела (БЦВ) се бори за ослободување на златните шипки што се чуваат во трезорот на Банката на Англија.

БЦВ бара решение за ослободување на златните шипки од Банката на Англија за да помогне во борбата против коронавирусот во Венецуела.

Централната банка на Велика Британија, меѓутоа, отвори сомнеж за тоа кој ја има надлежноста да го бара ослободувањето на златните шипки.

Трезорот тврди дека е „фатен во средината на конкурентските претензии за златото“ – од бордот на БМВ, од една страна, што е поддржан од Мадуро, и посебниот ад-хок одбор,од друга страна, назначен од лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.

Адвокатот Ник Винеал, кој ја претставуваше Централната банка на Венецуела, пред Врховниот суд на Англија и Велс, кажа дека „ во Венецуела има една и единствена влада- владата на Мадуро“.

Иако Лондон „не ја одобрува владата на Мадуро“, тој ја призна неговата администрација, рече адвокатот на сослушувањето што се одржа на оддалеченост заради ограничувањата со коронавирусот.

-Нормално е владата на Обединетото Кралство да ги признава или продолжува да ги признава странските влади, кои не ги одобрува, рече Винеал.

Сослушувањата во овој несекојдневен предмет треба да траат четири дена.

Back to top button
Close