Во вторник јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

 

Во вторник, поради државниот празник 24 Мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а жичницата на Водно ќе работи вообичаено, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие

Поради државниот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, односно идниот вторник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информира денеска Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)

Дента во Скопје ќе бидат дежурни три билетарници – билетарницата на Транспортен центар, на Зелен пазар и во Ѓорче Петров, а ќе работат од 7 часот наутро до 13:30 часот.

Како што информира ЈСП, жичницата на Водно во вторник ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, а в понеделник објектот нема да работи.

Back to top button
Close