Во затворите полошо и од филм- што по бегството на Мемети?

Бегството на затвореникот Бесим Мемети (36) при неговиот транспорт во болница е кулминација на состојбата во затворските установи каде врие од незадоволство, како на вработените, така и на затворениците.

Неофицијално, командирот и полицајците кои го спроведуваа Мемети се суспенирани, а истрага за бегството ја води Обвинителството за гонење организиран криминал. Дека корупцијата е голем проблем во затворите е фактот што суспендираниот командир веќе бил осуден за примање мито.

Затворскиот полицаец И.Х во моментов е на лекување во КАРИЛ и засега нема информации за неговата здравствена состојба, откако беше застрелан од Мемети, кој му го зел пиштолот додека го возел затворското комбе за да го транспортираат во болница.  Откако го застрелал чуварот, Мемети избегал со автомобил „ауди“ без таблички, кој на автопатот кон Скопје кај бензиската пумпа на Лукоил претходно го пресекол патот на службеното возило.

Ваквото бегство отвара дузина прашања кои Управата за санкции мора да ги одговори, независно што се во тек разговори за изготвување на новиот Закон за извршување на санкции, пред се во делот на барањата на затворскиот персонал- корекција на бодирањето на платите, регулирање на пензионирањето и зголемување на надоместоците при нивното пензионирање, регулирање и прецизирање на овластувањето на Затворската полиција, зголемување на процентот на некои ставки од компонентата дополнителна плата, 100% покриена боледувае и други барања.

преземено од 24info.mk/

Back to top button
Close