Во земја за цвеќиња скриле повеќе од 1,1 тон кокаин


Француските царинарници открија над 1,1 тон кокаин во камион што превезувал земја за цвеќиња.

Полицајците го запреле камионот, кој патувал од Португалија до Холандија, на патарина на автопат во францускиот град Виена, јужно од Лион. Проверувајќи го товарот полицијата забележала неправилности, а потоа царинарниците го испразниле камионот, при што во земјата пронашле 998 пакети кокаин.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на 75,5 милиони евра.

Три лица се приведени.

Back to top button
Close