Во земјава ќе пристигне и вакцината на „Џонсон“, најавена донација од Данска

Во земјава наредниот период треба да пристигне и вакцината против ковид-19 од производителот „Џонсон и Џонсон“. Таа, според најавата од министерот за здравство Венко Филипче, ќе биде донација од Данска.

„Очекуваме овие денови и официјално Данска да ја објави донацијата од 250 000 вакцини од производителот „Џонсон“. Тоа е вакцина која има рок до 2023 година и ни помага да ги планираме количините вакцини за следната година- изјави Филипче.

Вчера пристигнаа околу 100 000 вакцини од „Фајзер“, а во моментов министерот смета дека имаме доволно количини и располагаме со: околу 250 000 дози „Фајзер“, 50 000 „Синовак“ и околу 100 000 дози „Астра Зенека.

 

Back to top button
Close