Во Желино ќе се прегласува – дали резултатот може да урне Влада?

Државната изборна комисија со 6 гласа ЗА одлучи да има прегласување во избирачкото место 2107 во Желино.

Од контролата во изборниот материјал е констатирано дека има неусогласеност во податоците во записникот, додека исто така е констатирано дека едно лице гласало со неважечка лична карта.

Исходот од изборите во избирачкото место беше 227 спрема 117 во корист на кандидатот на ДУИ, Фатмир Изаири.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, испрати политичка порака преку совојот Фејсбук профил.

„Желино, во кое се роди една партија (како движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада“ – напиша Хоџа.

Back to top button
Close