(Во живо) Обраќање на претседателот на СДСМ Ковачевски на 28. конгрес на партијата
– СДСМ вечерва во Скопје го одржува 28. Конгрес на кој треба да бидат потврдени кандидатските листи за парламентарните избори. Пред делегатите се обраќа претседателот на партијата Димитар Ковачевски, а потоа конгресот ќе биде затворен за јавноста.
СДСМ претпладнево на седница на Извршниот и на Централниот комитет ги утврди листите за кандидати за пратеници. Според информации на МИА од СДСМ, носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП. во Втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири. ев/ац/