(Видео) Почна протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово во Скопје

Во тек е протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во притвор во Хаг под обвинение за воени злосторства.
Илјадници граѓани се собраа попладнево на плоштадот „Скендербег“ во Скопје на протестот за поддршка на поранешните лидери на УЧК.
Протестот за поддршка на поранешните водачи на УЧК на кои им се суди во Судот во Хаг е организиран од лидерот на ДУИ – Али Ахмети.
„По Приштина и Тирана, сега и Скопје ќе зборува за вистината и правдата! Војната на ОВК беше и останува праведна, ослободителна и поддржана од демократскиот свет. Правдата за борците за слобода не може да се гради врз политички обвинувања и измислени докази од страна на Србија и Русија. Како што бевме покрај борците на ОВК во Приштина и Тирана, така ќе застанеме и во Скопје, горди и решителни во одбрана на нашата вистина“ – напиша Ахмети во поканата.






