(Во живо) Повторно тензично на Комисијата за европски прашања
Денеска продолжи седницата на Комисијата за европски прашања. Седницата се одржува во друга сала, затоа што при вчерашните тензии меѓу пратениците, беше уништен дел од техниката во салата.
Во новата просторија, пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ ги зафатија сите столчиња, па седницата почна со мало задоцунвање.
Бараат, според деловникот, седницата да трае два дена, но да не се смета вчерашниот ден, затоа што тој според нив завршил со процедуралните забелешки, а едвај бил изгласан дневниот ред.
Денеска продолжуваат со истите прашања, тропаат по масите и постојано бараат процедурално да се обратат.