Водњанци ќе се греат на парно. Ќе му плаќаат наем на Кастиљо кому стечајниот му го продал топтан објектот со пумпите и цевките за парно

Жителите на Водно, чии радијатори останаа ладни неколку дена по почетокот на грејната сезона, открија сомнителна продажба на топланата на Водно, пишува Фокус.

Договор падна, жителите добија парно, но според договорот, граѓаните ќе треба да му плаќаат наем на контроверзниот бизнисмен со јужноамерикански врски Ангел Антониот Кастиљо Родригез.

 

– Advertisements –

 

 

Тој ги држеше „вентилите“ откако фирма поврзана со неговото семејство ја купило топланата на „Водно“ за двојно пониска цена од онаа на којашто била проценета.

Додека тој е во Јужна Америка, ЕСМ дистрибуција со денови не можеше да влезе во топланата на Водно за да направи подготовки за грејната сезона бидејќи новиот сопственик не им дозволуваше.

Топланата каде што поминуваат клучната топловодна мрежа од лани е продадена на фирма на семејството Кастиљо, па сега тој треба да покаже добра волја за жителите на Водно да имаат парно до крајот на грејната сезона.

Стечаен управник на „АД Топлификација“ е Богољуб Макревски, кој го продал имотот врз основа на одлука на Одбор на доверители и претходно извршена проценка на имотот.

Во телефонски разговор за „Фокус“, Макревски вели дека објектот бил продаден на јавно наддавање и со согласност на ЕСМ дека ќе ја дислоцира топловодната мрежа.

Повеќе

Back to top button
Close