Водата од новиот тетовски водовод заматена, ќе се користи вода само од старите извори

По обилните врнежи од дожд, водата од новиот водовод кој се снабдува од реките Пења и Лешница се замати, а системот е целосно исклучен.

Моментално граѓаните со вода за пиење се снабдуваат само од стариот водоснабдителен систем, кој зема вода од шарпланинските извори, информираа од ЈКП Тетово.

Вообичеано е велат од претпријатието, после секој пороен дожд да има заматување на водата од новиот водовод, оти се работи за систем кој се снабдува од површински води, кои потоа се прочистуваат во филтер станица.

Но, ако се работи за енормно заматување, станицата не може да ја прочисти водата и автоматски самата се исклучува.

„Индексост на заматуавње е зголемен над 2, се работи за автономен систем и самиот тој систем се исклучува кога имa заматување. Потоа ние го допираме Лешничкиот водоснабдителен систем и тогаш во градот имаме вода само од стариот систем, односно од старите извори,од кои денеска за некое чудо и многу невообично во овој период од годината имаме 340 литри вода во секунда, што е доволно за потребите на градот. Најверојатно дека времето е топло, имавме дождови обилни и тоа е причината, изјави Лулзим Шаќири преставник од ЈКП Тетово.

Освен заматување на водата, новиот водоснабдителен систем кој се градеше две децении, се соочува и со чести дефекти особено во зимскиот период, причина што тетовци остануват без вода за пиење.

Од претпријатието, велат дека нивни екипи се постојано на шарпланинскиот терен, каде вршат контроли на новиот водоснабдителен систем, Оттаму се надеваат дека водоводот во текот на зимава ќе биде во добра кондиција, дефекти ќе има, но не со толку големи размери.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами неодамна изјави дека е направена анализа за проблемите со новиот водоснабдителен систем,но без да прецизира колку и какви проблеми покажала таа анализа.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close