Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

 Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

– Секторот за санитарна контрола во периодот oд 13 јули 2020 до 17 јули 2020 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од ЈП Водовод.

Back to top button
Close