Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробилошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација”‘ – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 19 до 23 декември 2022 година, сите анализирани примероци одговраат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Град Скопје.

Back to top button
Close