Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 8 август до 12 август годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 220 примероци за физичко-хемиска и 220 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Град Скопје.

Back to top button
Close